Top Sport

ПСЖ се „ценка“ за Икарди, Челси се појавува како сериозна опција

Челси влегуваат во „трката“ по напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, откако Пари Сен-Жермен продолжи да се „ценка“ со италијанскиот клуб околу опцијата да го откупат Аргентинецот за 70 милиони евра.

Икарди беше пратен на позајмица во Париз за 13 милиони евра и во 31 меч за „светците“ постигна 20 гола, и во договорот има опција трансферот да биде постојан за 70 милиони евра, но ПСЖ сака да плати 50 милиони евра за него, понуда која од Интер ја одбија.

Јувентус и Наполи подолго време се заинтересирани да го вратат Икарди во Серија А, но Интер повеќе би сакал да го продаде надвор од Серија А. Спореди „Сан“, Челси се заинтересирани за 27-годишниот Аргентинец и веќе ги контактирале Интер.

Икарди помина низ младинската академија на Барселона, пред да се пресели во Сампдорија, од каде отиде во Интер во 2013 за 13 милиони евра. Тој беше капитен на „нераѕурите“ и во Серија А има постигнато 121 гол во 219 натпревари.

Scroll to Top