Top Sport

Ричардс од Баерн се пресели во Нотингем

Англискиот фудбалер Омар Ричардс кариерата ќе ја продолжи во тимот на Нотингем Форест. Ричардс потпиша четиригодишен договор со Нотингем Форест, а Баерн Минхен како обесштетување доби околу 12 милиони евра.

Ричардс има 24 години, минатото лето се пресели во Минхен од Рединг. За Баварците одигра 17 натпревари.

Ричардс одигра 104 натпревари за Рединг пред да замине за Германија и забележа еден настап за Англија до 21 година.

Што се однесува до Форест, ова е нивно петто засилување во пресрет на новата сезона – по Дин Хендерсон, Муса Нијакате, Џулијано Бјанконе и Таиво Авони.

Scroll to Top