Милан и Јувентус, во зимскиот преоден рок, ќе водат битка за потписот на германскиот репрезентативец Антонио Ридигер. Медиумите на Апенинскиот полуостров пишуваат дека тренерот на Челси, Френк Лампард, нема да смета на услугите на 27-годишникот.
Милан и Јувентус од почетокот на сезоната имаат проблеми со повредите на своите фудбалери од одбраната, Ридигер им се чуни дека е добар избори, бидејќи добро го познава италијанскиот фудбал. Пред да се пресели во Челси, Ридигер го носеше дресот на Рома.
Неговата цена е 18 милиони евра, а наводно Челси биле подготвени да го позајмат со задолжителен откуп на неговиот договор во летниот преоден рок.