Челси нема да може да го задржи Антонио Ридигер. 28-годишниот фудбалер е подготвен да го напушти клубот, по завршувањето на сезоната, како слободен играч. Интерс за германскиот репрезентативец има кај неколку големи клубови.
Ридигер ги одбива понудите да го продолжи договорот со Челси. Тој побарал годишна плата од 10.000.000 евра, Челси му нудат „само“ 6.500.000 евра по сезона.
Трансфер инсајдерот, италијанскиот новинарот, Џанлука Ди Марцио, тврди дека Ридигер го одбил Реал Мадрид и дека сега за него постојат четири опции.
Ридигер ќе преговарал со Јувентус, Манчестер сити, Тотенхем и ПСЖ.
Ридигер во Челси пристигна од Рома во 2017 година, за 35.000.000 евра. Почетокот на минатата сезона беше кошмарен за него, не играше кај Френк Лампард и тогаш се подготвуваше да го напушти клубот. Кариерата во Челси му ја спаси Томас Тухел, кој го наследи Лампард пред нешто помалку од една година.