Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер тврди дека Манчестер сити не биле „опасни“ во вчерашниот прв меч од полуфиналето од Лигата на шампиони, откако тој успешно го стопираше Ерлинг Халанд.
Норвешката „гол-машина“ имаше тивок меч на „Сантијаго Бернабеу“ со само 21 допир на топката, осум помалку од голманот на неговиот тим, Едерсон, откако германскиот дефанзивец Ридигер му беше верна сенка во 90 минути.
„Не требаше да го примиме тој гол и мислам дека требаше да дадеме барем уште еден. Но, нема проблм, двомечот не е решен и можеме да одиме со самодоверба во Манчестер. На крајот, тие не беа толку опасни. Имаа посед на топката, знаевме дека тоа ќе се случи, но најважно е што не ба опасни. Секако, со исклучок на квалитетниот гол на Де Брујне. Ние сме Реал Мадрид, секогаш веруваме“, вели Ридигер.