Top Sport

Ридигер: Го убедував Вернер да дојде во Челси

Антонио Ридигер се пофали дека имал своја улога во убедувањето на Тимо Вернер да потпише за Челси, споредувајќи го германскиот сонародник со ѕвездата на Лестер, Џејми Варди.

Вернер го комплетираше трансферот од 47.5 милиони фунти од РБ Лајпциг, иако повеќе месеци се тврдеше дека Ливерпул се најблиску до неговиот потпис. Ридигер, пак, тврди дека за време на карантинот поради корона вирусот, го убедувал поранешниот соиграч од Штутгарт Вернер дека „Стемфорд бриџ“ е вистинско место за покажување на неговиот талент.

„Зборував со него, бидејќи се познаваме долго време. Зборувавме за време на карантинот и тој ми кажа дека сака да дојде во Англија. Тогаш го направив тоа што беше потребно да го убедам. Презадоволен сум што дојде и ќе работиме заедно. Го знам од неговата 17-та година, но во последните години стана многу подобар фудбалер“, вели Ридигер.

24-годишниот Вернер има 32 гола во 44 меча за РБ Лајпциг оваа сезона и вкупно 93 гола во 158 натпревари. Пред да игра за Лајпциг, тој беше колега на Ридигер во Штутгарт.

„Тој е голема закана за дефанзивците. РБ Лајпциг игра со контранапади, но мене ми наликува на Варди. Брз е и знае да ја искористи секоја шанса“, додава Ридигер.

Scroll to Top