Top Sport

Петгодишно дете заразено од тенисерите на Адрија турнејата

По откажувањето на финалето на „Адрија турнејата“, тенискиот турнир на Новак Ѓоковиќ во Задар, Хрватска по позитивните тестови на корона вирус на тенисерите Григор Димитров и Борна Чориќ, доаѓа веста дека едно петгодишно дете е заразено од контактот со тенисерите.

Алан Медиќ, одговорниот на епидемиолошката клиника во Задар, вели дека се направени 50 тестови денеска, и дека е заразено едно петгодишно дете, јавува „Дневник.хр“.  Детето за среќа нема симптоми и е во изолација со своите родители.

Според „Индекс“, детето било во директен контакт со тенисерите, бидејќи се работи за внукот на сопственикот на ресторанот „Нико“ во Задар, каде што се забавуваа тенисерите.

Scroll to Top