Антонио Ридигер и Никлас Фулкруг за малку ќе се степаа на денешниот тренинг на германската репрезентација во пресрет на Европското првенство.
Оваа вест прв ја објави „Билд“, а ја потврдија и бројни други медиуми и германски фудбалски инсајдери. Како што наведуваат сите, тепачка спречиле соиграчите.
Фудбалерите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд на тренингот неколку пати биле во дуел за топката бидејќи играле на спротивставени страни во два одвоени тренинзи, а во неколку наврати имало вербални и жестоки физички дуели.
Пред крајот на тренингот, ситуацијата ескалирала. Ридигер и Филкруг започнале да се туркаат меѓу себе, како што пишува „Билд“, брзата реакција најпрвин а помошникот тренер Сандро Вагнер, а потоа и на останатите игрчи спречиле сериозна тепачка.
Засега не се знае како селекторот Јулијан Нагелсман ќе ги санкционира своите репрезентативци и дали воопшто ќе ги санкционира.