Top Sport

Ридигер им плаќа јадење на сестрите во болницата во Берлин каде што е роден

Дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер ќе ги покрива трошоците за три месеци јадење на сите сестри во болницата „Берлин Шарите“ во германската престолнина, каде што е роден во 1993 година.

27-годишниот германски репрезентативец во минатото донираше средства за борба против расизмот во фудбалот, а сега се обидува да направи разлика со својата плата од 100.000 фунти неделно.

Покрај ова, Ридигер, и другите фудбалери од Премиер лигата преку иницијативата „#PlayersTogether“ во Англија, ги поддржува здравствените работници во оваа земја.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');