Top Sport

Ридигер одби да игра против Тотенхем, сака да си оди од Челси

Германскиот фудбалски репрезентативец, Антонио Рудигер синоќа одби да игра во дресот на Челси на мечот против Тотенхем, во Лига купот.

Англиските медиуми пишуваат дека Ридигер не сакал да настапи затоа што сака што поскоро да ги напушти „сините“ од Лондон. За неговите услуги се заинтересирани Рома и ПСЖ.

Преодниот рок во Англија завршува во понеделник во 11 часот. Ридигер не настапи на ниеден меч од првите три кола во ЛШ. На неговата позиција летово тимот на Френк Лампард го ангажираше Бразилецот Тијаго Силва од ПСЖ. Во конкуренција за истата позиција се уште и Курт Зума, Андреас Кристенсен и Фикајо Томори.

Договорот на Германецот со Челси е до 2022 година.

Scroll to Top