Top Sport

Азар повторно е повреден

Реал Мадрид денес објави дека Еден Азар го повредил мускулот на десната нога. Во краткото соопштение клубот не објави повеќе детали за повредата.

„По извршените прегледи во нашиот медицински центар утврдено е дека Азар има повреда на мускулот на десната нога. Допрва ќе ќе се утврдува сериозноста на повредата“, соопшти Реал.

Неколку часа пред Реал да објави дека Азар е повреден, селекторот на Белгија Роберто Мартинез го објави списокот на фудбалери за претстојните мечеви во Лигата на нации. На спискот се наоѓа и Еден Азар.

Реал вечерва без Азар во тимот ќе го пречека Ваљадолид, натпреварот ќе започне во 21.30 часот.

Scroll to Top