Антонио Ридигер и официјално стана нов играч на Реал Мадрид. Германскиот стопер пристигна бесплатно на „Сантијаго Бернабеу“, откако му истече договорот со Челзи.
Со Реал потпиша четиригодишен договор. „Кралскиот клуб“ го направи Рудигер најплатениот стопер во светот. Неговата нето плата, на годишно ниво, ќе изнесува помеѓу 9 и 10.000.000 евра.
Покрај тоа, тој ќе добие и засега непознат бонус за потпишување на договорот, а откупната клаузула е одредена на 400.000.000 евра.
Челзи пред пет години го донесе од Рома за 35.000.000 евра и во Лондон стана еден од најдобрите стопери во светот. Тој беше желба на многу европски великани, пред се на Јувентус, но реши да ја прифати понудата на Реал.
I'm proud to announce that I'll be joining @RealMadrid ?????? I'm super excited for all the challenges ahead and can't wait to play my first games for this huge club. #HalaMadrid #AlwasyBelieve #Hustle pic.twitter.com/zol5Z0NJbe
— Antonio Rüdiger (@ToniRuediger) June 2, 2022