Германскиот репрезентативец, Антонио Ридигер, смета дека неговиот клупски колега Еден Азар е најдобриот после Лионел Меси.
Ридигер, упатил и комплименти за тинејџерот Килијан Мбапе, но потенцирал дека тој се уште не е на нивото на најголемите светски ѕвезди.
„Килијан Мбапе е неверојатни брз играч. За да го сопрете морате да делувате како тим, еден играч тешко може да се избори со него. Но за мене најдобар играч во светот е Лионел меси, а веднаш зад него е Еден Азар“, рекол Ридигер.
Германецот проговорил и за клупската сезона не криејќи дека е изненаден од добриот старт на Челси во премиер лигата.
„Искрено, изненаден сум колку добро ја започнавме сезоната, особено поради тоа што Азар и Канте ни се приклучија доцна поради обврските на Светското првенство. Импресивно стартувавме“, нагласил Ридигер.
Челси, по четири кола во премиер лигата, има исто толку победи и заедно со Ливерпул и Вотфорд го дели првото место на табелата. „Сините“, во 5.коло, ќе го пречекаат Кардиф.