Бугарскиот напаѓач Валери Божинов официјално е ново засилување на хрватскиот шампион Риека, откако поранешниот репрезентативец потпиша до крајот на сезоната со опција за продолжување за дури три години.
За 32-годишниот Божинов Риека ќе биде неверојатниот 14-ти клуб во кариерата откако претходно играше во Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер сити, Парма, Спортинг Лисабон, Верона, Виченца, Левски, Тернана, Партизан, Мејџу Хака и Лозана, во дури седум различни држави – Италија, Англија, Португалија, Бугарија, Србија, Кина и Швајцарија. Негов последен клуб беше Лозана, со кој „раскина“ на 4 октомври, по што живееше во Белград.
„Среќен сум штo ќе играм во Риека покрај таков фудбалски стручњак како Матјаж Кек. Се работи за сериозен тим, кој не за џабе е хрватски шампион. Му благодарам на претседателот Дамир Мишковиќ и на тренерот Кек за довербата. Иако ова е мој 14-ти клуб сакам да останам што е можно повеќе“, вели Божинов.
Пред официјалниот договор, Божинов одигра три тест-натпревари со Риека. Шампионот оваа година е на четвртото место во Хрватската лига и заостанува 15 поени зад Динамо Загреб. Божинов е трет бугарски напаѓач во Риека, по Георги Иванов и Венцислав Христов.
Valeri Bojinov novi je igrač @NKRijeka: “Hvala Rijeci što mi je pružila ruku”
Više pročitajte ? https://t.co/lwc2VQigWf#ZajednosmoRijeka pic.twitter.com/Oxzgi0txgW
— NK Rijeka (@NKRijeka) February 7, 2018