Top Sport

Риека се пофали со Дарко Велковски

Дарко Велковски беше промовиран во нов играч на поранешниот хрватски шампион Риека, откако 22-годишниот дефанзивец замина од Вардар како слободен играч и потпиша тригодишен договор со клубот од „Руевица“.

Според хрватските медиуми, тој ги одбил понудите на Динамо Загреб и Хајдук за да може да работи со тренерот Матјаж Кек, по добрите препораки кои ги дал поранешниот играч на Риека, Стефан Ристовски, кој оваа сезона играше во Спортинг Лисабон.

„Стефан Ристовски ми кажа сѐ најдобро за Риека како клуб, но и за прекрасните навивачи. Го познавам и Леонард Жута, кој играше за македонската репрезентација, како и Милан Ристовски. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата“, изјави Велковски.

Scroll to Top