Top Sport

Денис со победа на хронометар, Јејтс остана со розевата маичка

Британецот Сајмон Јејтс направи голем чекор кон својата прва голема победа, откако успеа да ја задржи розевата маичка и по 16. етапа, трката на хронометар од Тренто до Роверето во должина од 34 километри.

Австралиецот Роан Денис стигна до победа со време од точно 40 минути, но Јејтс е тој што треба најмногу да се радува бидејќи загуби само 75 секунди од својот главен ривал за титулата, актуелниот шампион Том Думулин. Со ова пред последните пет етапи и нападот на Алпите, Јејтс има 56 секунди предност пред Думулин.

Холанѓанецот е специјалист за трки на хронометар и се очекуваше тој да го помине Јејтс во генерален пласамн, но тој заврши со 22 секунди заостанување на третото место на етапата. Крис Фрум беше петти со 40:35.

Scroll to Top