Top Sport

Рига победи и во Скопје, крај на евро-авантурата на Шкендија

Шкендија е елиминирана во Конференциската лига на УЕФА, откако и на домашниот меч против летонска Рига, загуби со 0:1, комплетирајќи ја европската сезона без победа.

Рига имаше предност од 2:0 од првиот меч, голема, но не и недостижна предност, меѓутоа, Шкендија не успеа да го најде патот до голот на Летонците, и во 52. минута прими гол преку Финецот Мика Соисало.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top