Top Sport

Ријад Марез постигна „магичен“ гол!

Ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез имаше фантастичен прв допир за да постигне уште поубав соло гол за Алжир на гостувањето кај Зимбабве во меч од квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Зимбабве водеа со 1:0, кога Марез доби добра топка од Саид Бенрама од Вест хем, пред да ја префрли над својата глава и да влезе во шестнасетникот на домаќините, поминувајќи двајца дефанзивци и постигнувајќи гол.

Сепак, мечот заврши 2:2, иако „Ел Хадра“ остануваат први во групата со 10 поени од четири меча.

Scroll to Top