Top Sport

Ријад Марез се договорил со Ал-Ахли!

Манчестер сити се договориле со саудискиот Ал-Ахли за трансфер на Ријад Марез, за кого ќе платат 30 милиони фунти и ќе му дадат тригоддишен договор во уште еден скап трансфер на клубовите од Саудиска Арабија, јавуваат повеќе англиски медиуми.

Пеп Гвардиола и Сити не сакале да го загубат Алжирецот, посебно по заминувањето на Илкај Гундоган во Барселона, но на крајот попуштиле пред барањето на фудбалерот, кој сега ќе замине на медицински тестови пред комплетирање на договорот откако беше изземен од составот кој патуваше на турнеја низ Азија.

Марез станува еден од низата премиерлигашки фудбалери кои заминуваат во Саудиска Арабија по трансфеите на Калиду Кулибали, Н’Голо Канте, Роберто Фирмино и Рубен Невеш и шпекулациите околу двоецот на Ливерпул Фабињо-Џордан Хендерсон.

Scroll to Top