Top Sport

(Видео) Неспортскиот потег на терените во Будимпешта

По крајот на вимблдонските возбудувања, тенискиот свет се најде во дискусија околу еден проблематичен момент од вчерашниот меч на Унгарија опен во Будимпешта и неспортското однесување на унгарската тенисерка Амариса Кјара Тот.

На турнирот на земја, проблемот настана при 5:5 и 15:15 во првиот сет, кога еден удар на кинеската тенисерка Жанг Шуаи беше оценет како аут, иако Жанг беше сигурна дека ја погодила линијата. Таа побара интервенција на судијата, но Тот отиде кај отпечатокот од топчето и го избриша со патиката.

Жанг потоа го повика физиотерапевтот пред да реши да се повлече од мечот и беше исвиркана од публиката. Тот вели дека не го сфаќа проблемот.

„Не сфаќам зошто направи толку врева. Требаше да ја прифати одлуката и оди понатаму“, изјави Тот.

Жанг, пак, се пожали преку социјалните мрежи.

„Многу фанови и тенисери ми пратија порака, знаејќи дека бев во право“, напиша Жанг.

Scroll to Top