Top Sport

Рикелме: Се надевам на светска титула, сѐ зависи од Меси

Поранешниот аргентински репрезентативец Хуан Роман Рикелме верува дека Лионел Меси може да ѝ ја донесе на Аргентина титулата на Светското првенство во Русија.

Рикелме, некогаш голема фудбалска ѕвезда на Барселона и Вилјареал, смета дека мундијалот во Русија е вистинското време каде што „гаучосите“ да ја освојат титулата на која чекаат уште од Светското првенство во 1986 година.

„Сите се надеваме дека мундијалот ќе биде успешен за Аргентина, дека играчите ќе ги оправдаат очекувањата, а најмногу Меси. Аргентина има големи шанси да ја освои титулата, а доколку Меси биде во посакуваниот ритам, тогаш тоа нема да биде тешко. Многу работи зависат од него“, рекол Рикелме за аргентинскиот „Ел Треце“.

Аргентина не блескаше во квалификациите, дури во последното коло со хет-трикот на Меси избори пласман на светското првенство.

За Рикелме, Маси е најдобриот напаѓач во светот, но не го заборави ниту сопственикот на „Златната топка“, Кристијано Роналдо.

„Аргентинците мора да бидат среќни што го имаат Меси. Роналдо го влече Меси и обратно, одлични се двајцата. Сепак, мислам дека Лео е најдобриот, неверојатен е“, заклучил Рикелме.

Scroll to Top