Top Sport

Римски љубовен триаголник – Манчини ќе ги смирува Ѕаниоло и Ѕакањи

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека во италијанската репрезентација и посебно кај селекторот Роберто Манчини постои стравување за меѓусебен конфликт помеѓу Матија Ѕакањи и Николо Ѕаниоло, поради наводен „љубовен триаголник“.

Фудбалерот на Рома, Ѕаниоло денеска се приклучи на репрезентацијата бидејќи фудбалерите на Рома добија дополнителен одмор по победата во Конференциската лига, и токму на прославата на таа титула, Ѕаниоло ги предводеше песните контра Лацио, вклучувајќи ја и таа „безобразната“: „Детето на Насти е на Ѕаниоло“.

Инфлуенсерката Кјара Насти имаше кратка врска со Ѕаниоло во април 2021 година, по што стапи во врска со фудбалерот на Лацио, Ѕакањи, со кого е свршена и очекува бебе. Затоа, песните кои ги пееше Ѕаниоло сигурно ќе донесат тензија.

Scroll to Top