Top Sport

Римско дерби за потписот на Адеми

Рома и Лацио, лутите ривали на фудбалскиот терен, во јануарскиот преоден рок ќе влезат во „војна“ во обид да го обезбедат потписот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми од Динамо Загреб.

„Газата дело спорт“ пишува дека од Рома за Адеми понудиле сума од четири милиони евра. Во коментарот се вели дека 27-годишникот играч би бил вистинско освежување за Рома во овој преоден рок, во кој клубот не планира да вложува големи суми на пари.

Во трката по Адеми се вклучиле и од Лацио и тоа со конкретна понуда што треба да ги задоволи апетитиtе на Динамо. Лацио за играчот од редот за врска понудиле помеѓу осум и десет милиони евра.

Scroll to Top