Top Sport

Рио Фердинанд му се извини на Мурињо: Беше во право за Јунајтед

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд му понуди извинување на Жозе Мурињо, велејќи дека португалскиот тренер бил сосема во право со изјавите за ситуацијата во Манчестер јунајтед.

Мурињо останува последниот менаџер на „ѓаволите“ со трофеј, освојувајќи го Лига купот и титулата од Лига Европа, пред во декември 2018 да добие отказ поради слабиот старт на сезоната по кој тимот беше на шестото место на табелата. Неговата последна цела сезона со Јунајтед, тој успеа да биде втор зад Манчестер сити, по што изјави дека тоа е „еден од најголемите успеси“ во неговата кариера поради проблемите во клубот.

„Мислам дека изјавата на Мурињо изгледа добро по толку време. Јас прв, би сакал да му се извинам за тоа како гледав кон неговата работа и го потценував. Уште мислам дека имаше пропусти во неговото однесување со дел од играчите и со дел од ситуациите, но тоа што го кажа во 2019 година по второто место во Премиерлигата, беше точно. Гледаме дека има работи кои одат погрешно во клубот, но тогаш не знаевме до кој степен било такво. Очиледно, Жозе Мурињо знаел. Сакаше да се ослободи од повеќе фудбалери и добро ги процени индивидуалците, но и начинот на кој се водеше клубот“, вели Фердинанд.

Легендите на Јунајтед: Разликата во класата помеѓу Манчестер и Јувентус е очигледна

Scroll to Top