Top Sport

Борусија најде замена за Халанд во Адејеми, Јунајтед пак „извиси“

Борусија Дортмунд не чекаше многу за официјално да потврди дека веќе имаат замена за Ерлинг Халанд, потврдувајќи го трансферот на младиот германски репрезентативец, Карим Адејеми од Ред бул Салцбург.

Денеска се потврдија вестите дека Манчестер сити се договорија со бундеслигашот за трансферот на 21-годишниот Халанд, по што Борусија бргу стапи на пазарот на играчи.

За 20-годишниот Адејеми, „милионерите“ ќе платат 38 милиони евра, а претходно тој беше на „мета“ на Манчестер јунајтед, кои повторно остануваат со млад талент кој ја избира Борусија пред нив, откако пред две години на сличен начин го загубија Џуд Белингем.

Scroll to Top