Top Sport

Рио Фердинанд се цени: Денеска, би вредел 170 милиони фунти!

Легендарниот поранешен дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд смета дека би вредел 170 милиони фунти на денешниот фудбалски пазар, така доближувајќи се на вредноста на најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар, за кого ПСЖ платија 222 милиони евра (198 милиони фунти), и надминувајќи го вториот најскап фудбалер на светот, Килијан Мбапе, за кого исто така ПСЖ платија 163 милиони фунти.

„На времето, Јунајтед ме купија за 30 милони фунти. 100 милиони фунти би биле малку за мене на денешниот пазар. 170 милиони фунти со 400.000 фунти неделна плата. Тоа би била мојта цена“, вели Фердинанд.

Англичанецот двапати беше најскапиот дефанзивец во текот на својата кариера, и со Јунајтед освои шест титули во Премиерлигата и една од Лигата на шампиони.

Scroll to Top