Top Sport

Димитриевски останува во игра за втор голман на Реал по „корпата“ од Сорија

Реал Мадрид продолжуваат со потрагата за втор голман ова лето, по неизвесната иднна на украинскиот голман Андриј Лунин, и Столе Димитриевски останува реална опција за кралскиот клуб, тврди „Мундо депортиво“.

Поранешниот голман на „кралевите“, Давид Сорија, кој имаше одлична сезона со Хетафе, беше прва опција на Реал, но клубот не успеа да се договори со Хетафе за цената на 30-годишниот голман. По ова, Димитриевски и Фернандо Пачеко остануваат најдобри опции за Реал.

Исто така останува можноста Лунин да биде убеден да остане уште една сезона, иако самиот неколку пати најави дека сака да замине за постојан фудбал.

Димитриевски меѓу тројцата кандидати за голман на Реал Мадрид!

Scroll to Top