Top Sport

Рио за Мојс: Тоа е бајка, некој ја измислил

Рио Фердиданд проговорил за анегдотата дека додека Дејвид Мојс бил тренер на Манчестер Јунајтед го терал да гледа снимки на Фил Џакјелка за да ја поправи својата игра.

Мојс во 2013 година го наследи Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер Јунајтед, на функцијата се задржа само десет месеци. .

„Фил беше одличен играч но сигурен сум дека Дејвид никогаш не би ни покажувал негови снимки за да научиме нешто. Не знам откаде доаѓа таа приказна“, рекол Фердинанд.

Сепак открил дела со Мојс не било секогаш се сјајно и дека тој и Видиќ неколку пати имале сериозни расправи со тренерот.

„Тоа е бајка, некој го измилсли тоа, вистина е дека имавме неколку жестоки расправии. Неколку пати се закачивме Вида, Мојс и јас. Не се согласувавме како работиме одредени работи“, рекол Рио и дополнил.

„Проблем беше начинот на кој се браневме во стандарни ситуации. Тој сакаше некои работи со кои ние не се согласувавме“.

Scroll to Top