Top Sport

Ришарлисон добил заушки

Бразилскиот репрезентативец Ришарлисон ќе ја пропушти завршницата на Копа Америка поради заушки. Фудбалската федерација на Бразил објави дека останатите играчи ќе бидат вакцинирани по четврт-финалниот меч со Парагвај во Порто Алегре.

Како што се наведува 22 годишниот Ришарлисон тренирал со екипата, а откако завршил на лекар било откриено дека има заушки.

Напаѓачот на Евертон играше во стартната постава на првиот меч, а мечот со Перу го следеше од клупата за резерви.

Scroll to Top