Top Sport

Ришарлисон го урна Челси, Тотенхем убедлив против Лестер

Евертон го совлада Челси со 1:0 на домашен терен и ја чува надежта за опстанок во Премиер – лигата. Ришарлисон во 47.минута беше стрелец на победничкиот гол за „карамелите“ на „Гудисон парк“.

Тотенхем беше убедлив на дуелот против Лестер и славеше со 3:1. Тимот на Антонио Конте за момент повторно се искачи на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите. Хари Кејн го отвори резултатот во корист на лондонскиот тим, а потоа следеа два гола на Хјонг – Минг Сон.

Во судиското продолжение Келечи Ихеаначо постигна почесен гол за гостите.

Scroll to Top