Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон брутално му одговори на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дитмар Хаман за неговите критики за „чаталењето“ против Нотингем форест.
Новото засилување од 60 милиони фунти, откако влезе во игра и му асистираше на Хери Кејн за вториот гол, беше мета на играчитен а Нотингем форест, откако реши да ја жонглира топката заддржувајќи време. Напаѓачот на Форест, Бренан Џонсон реагираше со брутален старт, а по мечот менаџерот Стив Купер го критикуваше Бразилецот.
„Не би сакал некој мој фудбалер да го направи тоа. Но, ако тоа е прифатливо во Тотенхем, тоа не е моја одговорност. Тука не би се дозволило такво однесување“, изјави Купер.
Хаман, пак, го сподели видеотоод инцидентот и порача: „Требаше да добие жолт картон за неспортско однесување и да биде досуден фаул за Форест“.
Одговорот на Ришарлисон беше брутален: „Плачи уште повеќе“.
Nothing to do with showboating. Should have been booked for unsportsmanlike conduct and restarted with free kick to Forest https://t.co/KD2xyufXdE
— Didi Hamann (@DietmarHamann) August 29, 2022
Cry more ?
— Richarlison Andrade (@richarlison97) August 29, 2022