Top Sport

Ришарлисон: Нашата сезона е едно големо ср..е

Еден гол во два натпревари им беше доволен на фудбалерите на Милан да го елиминираат Тотенхем во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Брахим Дијаз погоди во Милано, додека синоќа во Лондон Тотенхем и Милан одиграа 0:0.

Во двата натпревари Тотенхем остави многу лош впечаток против Милан. Најмногу критики по елиминацијата доби менаџерот, Антонио Конте и покрај тоа што неговиот тим е четврти во Премиер лигата.

Менаџерот доби критики и од напаѓачот Ришарлисон.

„Искрено, оваа сезона е ноќна мора. Сакам да играм повеќе, не ги разбирам одлуките на Конте. Не разбирам, играв добро и бев во добра форма. Кога бев во првиот тим, ги победивме Астон Вила и Челзи. Потоа Конте ненадејно ме стави на клупата. Против Вулвс ми даде пет минути, го прашав зошто и не ми кажа ништо“, рече Конте и дополни.

„Навистина ме интересира што ќе каже утре. Не сум идиот, јас сум професионалец, работам секој ден и сакам да играм. Имав мала повреда, но кога сум на теренот го давам животот. Требаше да играм, а сега наместо тоа можам да седнам и да плачам“.

Ричарлисон синоќа против Милан ги одигра последните 20 минути.

Бразилецот, во летниот преоден рок за 58 милини евра од Евертон пристигна во Тотенхем. Засега не ги оправда очекувањата, одигра 25 натпревари постигна само два гола.

Scroll to Top