Калчолигашот Лацио, покрај за Аријан Адеми, покажува интерес за уште еден македонски репрезентативец. Екипата што цели кон пласман во Лигата на шампионите, во своите редови го сака десниот бек Стефан Ристовски, кој игра за Спортинг Лисабон.
Вчера италијанските медиуми обајвија дека Лацио биле подготвени за сума од околу десет милиони евра да го донесат Адеми од Динамо Загреб, а денес се појави информацијата дека на радарот на „лацијалите“ се наоѓа и Ристовски.
Прва цел на Лацио, за десната бековска позиција е играчот на Челси, Давиде Запакоста, но доколку пропаднат преговорите со „сините“, тогаш челниците на екипата од Рим ќе се насочат кон 26-годишниот македонски репрезентативец.
Ристовски игра за Спортинг од 2017 година, а претходно настапувал во Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Риека.