Стефан Ристовски го постигна единствениот гол за Динамо Загреб да стигне до 1:0 победа над Риека на „Максимир“ во последниот меч на капитенот Аријан Адеми во „модриот“ дрес пред неговиот трансфер во Кина.
Ристовски стрелаше во 68. минута против неговиот поранешен клуб, за петти гол во 94 настапи за Динамо, по што во 84. минута од мечот, публиката на „Максимир“ имаше чест да се прости со Адеми, кој беше повлечен од игра.
Со трите поени, Динамо се врати на 9 поени предност пред Хајдук на врвот на табелата во хрватската лига.