Top Sport

Ристовски: Криза? Знаете ли колку бодови имаме во Лигата на шампионите?

Динамо осакатен со повредите успеа да освои бод на домашен терен против Слетик (0:0) во шестото коло во Лигата на шампионите.

Динамо има осум бода, до крајот на на првата фаза ќе одигра уште два натпревари, во јануари ќе гостува кај Арсенал, а потоа ќе го пречекува Милан.

Според прогнозите три, а можеби и два бода од овие натпревари ќе му бидат доволни за пласман во нокаут фазата.

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски разговараше со новинарите по натпреварот со Селтик. :

„Остануваат уште две кола од Лигата на шампионите, но фокусот е на домашното првенство. И покрај сите проблеми, нема да се предадеме. Динамо е најсилен кога не понишуваат и отпипуваат“.

Дали пред натпреварот бевте задоволни со еден бод ?

Секогаш ова ме прашувате. Секогаш сакаме да победиме. Во Динамо никогаш не сме задоволни со бод.

Дали е ова најголемата криза откако сте во Динамо?

Знаете ли колку бодови имаме во Лигата на шампионите? Прелесно го отпишувате Динамо. Ова е единствениот клуб кој ја претставува земјата во Лигата на шампионите. Кога победуваме, сите се околу нас. Кога губиме, тогаш се зборува за криза. Што се однесува до повредите, ова е несомнено најтешкиот период, нешто се случува. Но, немаме време за кукање, треба да гледаме во иднината, да се бориме.

Scroll to Top