Top Sport

Ристовски мора да си оди од Спортинг

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски, во јануарскиот преоден рок ќе мора да си замине од Спортинг Лисабон.

Ристовски не е во добри односи со тренерот Рубен Аморим, поради што е префрлен во Б-тимот на Спортинг. Десниот бек имаше можностда го смени клубот, но го одби трансферот во Динамо Москва, во финишот на преодниот рок.

Тиражниот „Рекорд“, го најавува заминувањето на Ристовски од Спортинг. Според овој извор, тренерот Аморим нема намера да го врати Македонецот во првиот тим.

Минатото лето, Спортинг, бараа 3.000.000 евра како обесштетување за Ристовски. Планот на фудбалерот е спогодбено да се раздели со клубот и да замине од Лисабон како слободен играч.

Scroll to Top