Сетубал и Спортинг од Лисабон синоќа одиграа натпревар без победник (1-1) во рамките на 19.коло, во првенството на Португалија. Макеоднскиот репрезентативец Стефан Ристовски играше за Спортинг до 55.минута кога доби директен црвен картон.
Поради протест главниот судија Малхиеро го исклучи Македонецот, што предизвика жестоки протести од играчите на Спортинг.
На црвениот картон му претходеше „воздушен“ дуел на Ристовски со напаѓачот на Сетубал Менди.
Во тој дуел Ристовски доби силен удар во главата, со врисок паднал на тревата, кога станал реагирал бидејќи судијата не го опоменал Менди. Поради протестот македонскиот репрезентативец добил црвен картон, што значи дека ќе ги пропушти следните два натпревари на Спортинг. Стартот и црвениот картон на видеото започнуваат од 2:30 минути.
Инаку, првиот гол на овој натпревар го постигнал Кадиз во 23.минута, а бод за Спортинг спасил Бас Дост во 80.минута. Спортинг по 19 натпревари се наоѓа на четвртото место на табелата со 39 бода, пет помалку од второ пласираната Бенфика и десет помалку од лидерот Порто.