Ривалдо, еден од легендарните фудбалери на „Ноу Камп“, вели дека неговиот поранешен клуб мора да направи сè што може да го врати Нејмар во Каталонија за да може да се симне товарот од грбот на Лионел Меси.
Барса досега имаа фрустрирачка сезона, во која се три поени зад Реал Мадрид во трката за титулата, испаднаа од Копа дел реј, а исто така го заменија и тренерот Ернесто Валверде со Кике Сетиен. Покрај ова, оваа недела тука беше јавната расправија на Меси со спортскиот директор Ерик Абидал, зголемувајќи ги шпекулациите дека Аргентинецот е незадоволен.
Меси неодамна исто така изјави дека не е сигурен дека Барса направила „сè што е можно“ да го вратат Нејмар минатото лето, кога имаше огромни шпекулации за трансферот. Ривалдо се согласува.
„Барселона мора да најде фудбалер кој ќе биде одлучувачки кога Меси нема да е таму или кога нема да има добра вечер, како што видовме во купот. Клубот мора да бара за мена за него, и според мене, единствен погоден за таа улога е Нејмар. Можеби треба да размислат да го донесат следното лето, бидејќи клубот не е одговорен за неговото заминување. Помина доста време и сега е потребно тој да ги искористи најдобрите години на ’Ноу Камп’“, вели Ривалдо.