Филипе Кутињо згрешил кога својот гол го прославил со „затнување на ушите“ при 3:0 победата над Манчестер јунајтед во вторникот, смета легендата на Барса, неговиот бразилски сонародник Ривалдо.
Откако Лео Меси постигна два гола во првото полувреме, Кутињо постигна убав гол од далечина во второто полувреме, и по критиките кои ги добиваше од навивачите на Барса, тој се сврте кон навивачите и ги стави прстите во ушите и ги затвори очите. Ривалдо, кој освои две титули со Барса, го предупреди сонародникот дека не треба да се „занесува“.
Coutinho doesn’t care, haters pic.twitter.com/uRs4XBVWHp
— BarçaTimes Media (@BTVideoClips) April 17, 2019
„Тоа не беше убав гест. Тој постигна убав гол, но не е убаво кога ќе направиш нешто такво за навивачите. Тие го критикуваат бидејќи знаат дека може и подобро. Не знам што му се случило во текот на неделата, но мора да продолжи да работи, да мисли на следниот натпревар и на следниот гол. Кога ќе дава голови ќе смени сè. Да се игра за Барселона е импресивно, тие се во ЛШ, сите зборуваат за тој тим. Нема да најде друг таков клуб“, вели Ривалдо за „Марка“.
Coutinho’s stunner ???? So happy for him…! pic.twitter.com/oVcH2nJvqG
— D3EyedRaven (@buddyzle) April 17, 2019