Легендата на бразилскиот фудбал, Ривалдо, кој самиот ја освои „златната топка“ во 1999 година вели дека Кристијано Роналдо ја заслужувал овогодишната награда на местото на Лука Модриќ, бидејќи Португалецот и Лионел Меси остануваат најдобри фудбалери на светот.
По 10 години доминација на Меси и Роналдо, во која двајцата освоија по пет „златни топки“, оваа година Модриќ ја доби наградата, додека двајцата воопшто не се појавија на доделувањето на наградите во Париз. Ривалдо не се согласува.
„Тешко е да се дава мислењето на оваа тема. Лука имаше одлична сезона во 2018, ја освои Лигата на шампионите и помогна Хрватска да стигне до финалето, но според мене, Роналдо е најдобриот. Тој го постигна најдобриот гол минатата сезона, ја освои титулата од ЛШ и постигна четири гола на Светското првенство, така што тој беше најдобриот. Исто така, Лео Меси мораше да биде во топ 3. Знам дека на сите им пречи што двајцата доминираа последните години, но останува фактот дека најдобрите мораат да добијат награди“, вели Ривалдо.