Top Sport

Ривалдо: Салах е роден да игра во Барса

Легендата на Барселона и на бразилскиот фудбал, Ривалдо вели дека и покрај тоа што Мохамед Салах најчесто се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, тој би бил „совршен“ за тимот на Барселона.

Фудбалерот на Ливерпул имаше неверојатна сезона во која постигна 44 голови и во која стана вистинска суперѕвезда, и Ривалдо вели дека во Каталонија сигурно се заинтересирани.

„Кого треба Барса да земе од Премиер лигата? Салах, бидејќи тој е еден голем играч, кој може да одлучи меч“, вели Ривалдо.

Во сабота, Салах ќе има шанса да се судри со петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, но Египќанецот постојано ги отфрлаше споредбите со Португалецот. Ривалдо вели дека тоа е умен потег.

„Не е на тоа ниво, но е блиску. Мора да продолжи да игра вака за да биде како Роналдо и Меси. Исто така мора да се обиде и во други првенства. Во Премиер лигата е многу потешко да се игра отколку во Шпанија“, додава Ривалдо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top