Top Sport

Ривалдо: Во ПСЖ, Нејмар игра во клуб без историја

Легендата на бразилскиот фудбал, Ривалдо вели дека Нејмар нема што да бара во тимот на Пари Сен-Жермен, бидејќи со францускиот клуб нема да може да освои „ништо важно“.

Нејмар ги изненади сите со минатогодишната одлука да замине од Барселона во Париз во најголемиот „дил“ во историјата на фудбалот (вреден 222 милиони евра), а сега од него се очекува да го предводи францускиот клуб во Лигата на шампионите, под водство на новиот тренер Томас Тухел од следната сезона.

И покрај шпекулациите за можен трансфер во Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, од клубот изјавија дека тој останува во ПСЖ. Ривалдо смета дека тоа е грешка.

„Ако Нејмар не замине од ПСЖ никогаш нема да освои ништо важно. Посебно Лигата на шампиони, најважното натпреварување на светот. Француската лига е далеку послаба од англиската и шпанската лига и тој игра за клуб без историја“, вели Ривалдо во интервју за „Газета дело спорт“.

Сепак, Ривалдо очекува Нејмар да блесне на Светското првенство во Русија.

„Бразил мора да ги надмине разочарувањата од 2014, кога бевме дома, а загубивме 1:7 од Германија. Нејмар и Габриел Жесус можат да бидат првите ѕвезди во Русија и да го донесат Бразил до големата титула“, објаснува Ривалдо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top