Top Sport

Јејтс со супер-победа го зголеми водството на Џирото (видео)

Британецот Сајмон Јејтс покажа дека е подготвен за борба, откако го остави зад себе актуелниот шампион на Џиро Д’Италија, Том Думулин за втора етапна победа и зголемување на водството по експлозивната 11. етапа на италијанската класика.

Од друга страна, неговиот сонародник, четирикратниот шампион од Тур де Франс имаше нов ден за заборав по 155 километри од Асиси до Осимо, но вети дека ќе се „бори до крај“.

Со „маља роса“ на градите, Јејтс (Мичелтон-Скот) нападна рано на краткото, но стрмно искачување, за да ги потсети ривалите на 101. Издание на „Ла корса роса“ дека е сериозен во ловот на титулата. Тој нападна на километар и пол пред крајот за да ги „фати“ Чехот Зденек Стибар и Белгиецот Тим Веленс на искачувањето од 16 отсто, пред да се одвои од Думулин и другите ривали.

Јејтс, кој беше две секунди пред Думулин, по бонусот од 10 секунди има предност од 47 секунди пред Холанѓанецот, а трет е Французинот Тибо Пино (ФДЈ) со 64 секунди послабо време.

32-годишниот Фрум пак, кој најави борба за „розевата маичка“ сега заостанува над три минути зад Јејтс, но не планира да се повлече предвреме за да се фокусира на Тур де Франс.

„Ќе продолжам да се борам, бидејќи секогаш е важно да имаш конкурентно тркање во нозете. Денот беше тежок, а финишот брутален, а тука ако не си најдобар тогаш немаш каде да се сокриеш“, вели Фрум.

Фото: ЕПА

Scroll to Top