Манчестер сити се мобилизираа за правната битка што е ја водат против УЕФА пред Судот за спортска арбитража во Лозана. Сити се жалат на суспензијата од две години и паричната казна од 30 милиони евра.
Откако УЕФА го суспендира клубот од учество во европските купови во период од две години, англиските медиуми започнаа со шпекулациите дека клубот ќе биде казнет и од страна на Премиер лигата.
Се шпекулира дека на Сити ќе им бидат одземени бодови за наредната сезона, но медиумите ја спомнуваа можноста клубот да биде префрлен во четвртиот ранг на англискиот фудбал (Лига 2).
Најновите информации говорат дека клубовите што се натпреваруваат во Премиер лигата нема да дозволат вакво сценарио.
На заеднички состанок клубовите од Премиер лигата се согласиле дека Сити треба да бидат казнети, но нема да дозволат да бидат исфрлени од лигата.
Според нив доколку тоа се случи ќе започне судски процес кој би можел да се претвори во циркус со несогледиви последици по имиџот и угледот на Премиер лигата.