Top Sport

Ривер Плата се први финалисти во Копа Либертадорес (Видео)

Фудбалерите на Ривр Плата изборија пласман во финалето на Копа Либертадорес, најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка. Аргентинскиот великан по голема драма успеа да го победи Гремио во реваншот со 2:1. Ривер се пласираше во финалето благодарение на поголемиот број голови постигнати во гости. Гремио на мечот во Аргентина славеше 1:0, а Ривер во Порто Алегре победи 2:1.

Дуелот на стадионот на Гремио беше решен во финишот, иако текот на мечот не навестуваше таков расплет, бидејќи домашниот тим со голот на Лео Гомес во 36.минута само ја зголеми предноста што ја имаше по првиот меч.

Драмата започна во 82.минута кога Рафа Боре израмни на 1:1, а пет минути подоцна Ривер доби пенал. Играчот на Гремио Брешан со рака играша во својот шеснаесетник, а судијата откако ја прегледа снимката покажа на белата точка.

foto: epa

Домашните фудбалери жестоко протестираа, Брешан доби црвен картон, поради што пеналот беше изведен седум минути подоцна. Гонзало Мартинез ја реализира најстрогата казна.

Мечот е продолжен до 113.минута, меѓутоа Гремие не успеа да постигне гол за израмнување.

Противник на Ривер Плата ќе биде победникот од второто полу-финале во кое ќе играат Палмерирас и Бока јуниорс. Првиот меч заврши со победа на Бока 2:0.

Scroll to Top