Top Sport

Несторовски со гол, Палермо со убедлива победа кај Карпи (видео)

Илија Несторовски го постигна својот петти гол во Серија Б оваа сезона и помогна Палермо да стигне до убедлива 3:0 победа на гостувањето кај „фенерџијата“ Карпи.

Несторовски го постигна голот во 74. минута, откако претходно Фалети и Јајало донесоа 0:2 водство за клубот од Сицилија. Ова е петти гол на македонскиот репрезентативец оваа сезона и вкупно 30. во розевиот дрес од доаѓањето на Сицилија во 2016 година.

Со трите поени против Карпи и 1:1 ремито на Пескара на гостувањето кај Козенца, Палермо се доближи на само еден поен од лидерот Пескара. По 10 кола, Пескара има 19 поени, Палермо 18, а Верона на третото место 17 поени, а тимот на македонските репрезентативци има и натпревар помалку.

Scroll to Top