Top Sport

Робен му се враќа на фудбалот, ја прекинува пензијата!

Холандскиот фудбалски интернационалец, Арјен Робен се враќа од пензија, очигледно не може без фудбалот.

Минатото лето кога му заврши договорот со Баерн Минхен одлучи дека е доста, но по се изгледа се премисли.

Тој потпиша договор со холандски Гронингем и таму ќе ја помине следната сезона.

Се работи за деветтопласираниот тим во првата холандска лига, клубот во кој Робен ги имал своите почетоци.

Тука ги поминал младинските категории, а во 2001 година дебитирал и за сениорскиот тим. Во 2004 година преминува во ПСВ Ајндховен.

Две години подоцна го прави првиот голем трансфер, во Челси. Две години подоцна следува трансферот во Реал Мадрид, а од 2009 година е дел од Баерн Минхен. Таму ги поминува најубавите години од кариерата. Освои се што можеше да замисли, а минатата година ја објави фудбалската пензија.

Scroll to Top