Top Sport

Селта и „набива комплекси“ на Барса (2:2), се слави во Мадрид (видео)

И шеста година по ред, Барселона не може да ја совлада Селта во Виго. Попладнево фаворитот беше блиску да го „скрши малерот“, двапати водеше, но на крајот мечот заврши нерешено 2-2.

Луис Суарез погоди за 0-1 во 20 минута, по асистенција на Лео Меси.

Селта израмни во 50 минута, стрелец Смолов.

Повторно предност за Каталонците и повторно стрелец Суарез, 67 минута.

Радоста на гостите ја крати феноменалниот капитен на Селта, Јаго Аспас. Шутираше мудро и прецизно од слободен удар за 2-2 во 88 минута.

На крајот, Барселона може да биде среќна што не беше поразена затоа што Нолито, во 94 минута шутираше неубедливо кон голот на Тер Штеген од непосредна близина, па голманот успешно интервенираше.

Сега Барселона барем до утре повторно е лидер во Ла Лига со 69 бода. Реал Мадрид има 68, но утре ги чека гостување кај „фенерџијата“ Еспањол, па доколку триумфираат, ќе се одлепат на два бода од ривалот за титулата.

Scroll to Top