Top Sport

Робен: Што е важно колку имам години, или те бива, или не

Арјен Робен вели дека не треба да се проценува неговата игра според неговите години, велејќи дека во фудбалот има само „добро или лошо“.

Неговиот Баерн Минхен е во мини-криза на стартот на шампионатот, а Робен со своите 34 години останува еден од клучните фудбалери со 10 настапи и 3 гола. Во својата кариера, Холанѓанецот играше за Гронинген, ПСВ Ајндховен, Челси, Реал Мадрид за да се „смести“ во Баварија. Сега, по четири меча без победа притисокот расне во Баерн.

„34 години не се толку многу, и лично имам мислење дека не постои престар – постои само добар или лош“, вели Робен во интервју за магазинот „Кикер“.

Тој исто така застана зад хрватскиот тренер Нико Ковач, велејќи дека се работи за вистински тренер за Баерн.

„Тој е амбициозен и докажан победник, и во моментов работи за да играме подобар фудбал повторно. Не треба да се прават драстични промени. Пред неколку години велеа дека во Бундеслигата е досадно со Баерн на врвот, но сега ќе биде интересно“, додава Робен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top