Top Sport

Мата: Не можете да го изговорите Азпиликуета? Викајте го Дејв

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата вели дека има смисла неговиот поранешен клупски колега од Челси, Цезар Азпиликуета да го вика „Дејв“ пред саботното дерби, откако Англичаните мака мачат да го изговорат името на Шпанецот.

Додека поранешниот тренер на Јунајтед, Луис ван Гал го нарекуваше дефанзивецот Крис Смолинг „Мајк“, овојпат причината е компликуваното презиме на Шпанецот, кој дојде во Англија од Марсеј во 2012 година.

„Верувајте, дури и за Шпанците е тешко да се изговори Азпиликуета. Затоа, за Англичаните, мислам дека е поедноставн ода го викаат Дејв“, вели Мата.

Тој признава дека мечот со Челси е посебен за него, посебно бидејќи има уште познаници таму.

„Знам многу луѓе во тој тим. Азпиликуета е добар пријател, Давид Луиз уште е таму, Еден Азар, Вилијан, Гери Кејхил. Секогаш е посебно да се игра против Челси, а сега ќе биде тешко бидејќи се во топ-форма“, вели Мата.

Scroll to Top